Избрани победниците на АМА: Тејлор Свифт е најодликуваниот уметник со 40 победи во кариерата

Фото: Profimedia

Вчеравечер во Мајкрософт театарот во Лос Анџелес се одржа 50. доделување на Американските музички награди (American Music Awards или скратено AMA)

Шоуто беше продуцирано од продукцијата на Дик Кларк, ABC, а улога на домаќин оваа година му припадна на американскиот комичар Вејн Брејди.

Настанот исполнет со ѕвезди ја прослави најдобрата музика и изведби на годината, според гласовите на фановите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by American Music Awards (@amas)


Порториканскиот изведувач Bad Bunny беше на врвот на листата на номинирани оваа година со најмногу номинирани, вкупно осум, вклучувајќи ја и неговата прва досега за уметник на годината. На крајот доби две награди – за омилен машки латино изведувач и омилен латино албум, за „Un Verano Sin Ti“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by American Music Awards (@amas)


Ноќта ѝ припадна на Тејлор Свифт, сепак, која победи во сите шест категории за кои беше номинирана, вклучувајќи ја и најпосакуваната награда – уметник на годината. Победите ја овековечија Свифт како најодликуваниот уметник во историјата на „АМА“, со 40 победи во кариерата.

Изведувачите кои излегоа на сцената на АМА беа Пинк, која го отвори шоуто, Дов Камерон, Лил Бејби, Бебе Реџа, Кери Андервуд, Imagine Dragons и други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by American Music Awards (@amas)


Лајонел Ричи, 17-кратен победник на „АМА„, беше почестен со наградата Икона (Icon Award) за неговиот придонес во кариерата во музичката индустрија. Чарли Пут, Стиви Вондер и други уметници искажаа срдечна почит за придонесот на Ричи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by American Music Awards (@amas)


Елтон Џон ја однесе својата прва „АМА“ победа од 1988 година за најдобра соработка со Дуа Липа, станувајќи најдолго признат уметник во историјата на шоуто за награди. (Тој првпат беше номиниран на Американските музички наградиво 1974 година.)

Фановите на корејската поп-музика беа особено среќни бидејќи највлијателниот бенд во тој жанр, светскиот музички феномен БТС на овогодишешните Американските музички награди се закити со наградите за најдобар К-поп изведувач и омилена поп група.

Британскиот пејач и текстописец Хари Стајлс ги понесе наградите за омилен машки поп артист и омилена поп песна – хитот „As It Was“ Американската пејачка Дав Камерон се закити со наградата за нов артист.

Наградите за омилен хип-хоп изведувач ги понесоа Кендрик Ламар и Ники Минаж, а за најдобар R&B изведувач со награда се закитија Бијонсе и Крис Браун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот