ФОТО | Џими Кимел ги отфрли критиките од Белата куќа откако на шега рече дека Меланија „сјае како вдовица“
Познатиот водител Џими Кимел се најде во центарот на жесток скандал откако Белата куќа побара негов отказ поради шега упатена кон првата дама, Меланија Трамп. Спорниот коментар се случи само неколку дена пред вооружениот инцидент на вечерата на дописниците во Белата куќа, што дополнително ги загреа тензиите, пренесува „Би-би-си“.
Препорачано
„Шега за годините, а не повик на насилство“
За време на својот скеч минатиот четврток, Кимел и се обрати на Меланија со зборовите:
„Гледајте ја Меланија, толку е убава. Госпоѓо Трамп, сјаете како идна вдовица“.

По инцидентот во Вашингтон, каде напаѓач отвори оган во близина на Доналд и Меланија Трамп, критичарите го обвинија водителот дека со своите зборови поттикнува политичко насилство.
Кимел во својот прв монолог по пукањето се бранеше дека тоа било само „лесен хумор“ на сметка на разликата во годините (23 години) меѓу претседателот и неговата сопруга.
„Тоа во никој случај не беше повик за атентат. Со години јавно зборувам против насилството со оружје. Ако сакаме да го намалиме насилството во реториката, првата дама треба да почне со разговор со сопствениот сопруг на таа тема“, изјави Кимел.

Меланија Трамп не остана должана и преку платформата „Икс“ порача дека луѓето како Кимел не треба да имаат можност секоја вечер да влегуваат во домовите на Американците и да шират омраза. Таа ги опиша неговите зборови како „корозивни“ за американското општество и побара од раководството на ABC да преземе одговорност.
Доналд Трамп, пак, преку својата мрежа „Truth Social“ упати директно барање:
„Џими Кимел треба веднаш да биде отпуштен од Дизни и Еј-би-си. Ова е далеку надвор од границите на дозволеното“.

Напаѓачот, идентификуван како 31-годишниот Кол Томас Ален, беше совладан од агентите во хотелот „Вашингтон Хилтон“ додека се одржуваше свечената вечера. Тој е обвинет за обид за атентат врз претседателот, а целиот инцидент беше опишан од Трамп како „трауматично искуство“ за неговата сопруга. Ова не е првпат Кимел да биде привремено тргнат од етер; сличен инцидент се случи минатиот септември по неговите коментари за убиството на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк.


