Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

ФОТО | Џенифер Лопез го објави гол и се пофали со „стомачните“ на Бен Афлек

Џенифер Лопез и Бен Афлек привлекуваат внимание каде и да се појават.

Овој пат по повод Денот на таткото, Џенифер Лопез сподели фотографија од Бен Афлек, во голо издание и сосем очекувано, предизвика бурни реакции.

Иако немаат заеднички деца, посветената сопруга преку социјалните мрежи на Бен му го честиташе Денот на татковците, а една фотографија „на сите им падна во очи“.

Станува збор за фотографија на која актерот е без облека, а на која може да се види неговото извајано тело и тетоважи, а во коментарите многу жени и порачаа на Лопез дека „ѝзавидуваат на ваков тип“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Jennifer Lopez

Славниот пар се венчаше минатата година, а голем дел од нивните фанови беа воодушевени од фактот што повторно се заедно, 17 години по раскинувањето на нивната прва свршувачка.

Во меѓувреме, Џенифер доби близнаци со пејачот Марк Ентони, додека Бен има три деца со актерката Џенифер Гарнер.

Во објавата на социјалните мрежи Џенифер напиша: „Среќен Ден на таткото, тато. И среќен Ден на таткото на сите неверојатни татковци таму!! Те сакаме и те цениме повеќе отколку што некогаш ќе знаеш“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот