Доналд Трамп и Бетина Андерсон - Фото: Brendan SMIALOWSKI / AFP / Profimedia

ФОТО | Доналд Трамп помладиот и неговата нова девојка не можеа да ги тргнат рацете еден од друг

Доналд Трамп помладиот (47), син на американскиот претседател Доналд Трамп, очигледно е лудо заљубен во својата нова девојка Бетина Андерсон (38). Двојката беше фатена како споделува нежен момент на аеродромот Тетерборо во Њу Џерси додека го чекаа пристигнувањето на претседателот Трамп и првата дама Меланија, кои беа на пат кон финалето на Светското клупско првенство на ФИФА.

Доналд Трамп и Бетина Андерсон – Фото: Brendan SMIALOWSKI / AFP / Profimedia

И двајцата беа облечени во бели кошули, а фотографиите покажуваат дека двојката не можеше да одолее – се прегрнуваа и бакнуваа без оглед на сè околу нив. Се чинеше како целосно да ги заборавија присутните додека разменуваа нежности.

Љубовната врска меѓу Трамп помладиот и Андерсон наводно започнала во летото 2024 година, што го потврди „Пејџ Сикс“ кон крајот на декември. Уште во јануари 2025 година, истиот извор откри дека двојката „практично веќе живеела заедно“.

Оттогаш, Доналд Џуниор и Бетина не ја кријат својата блискост, честопати разменувајќи нежни зборови јавно, а Андерсон силно го бранеше својот партнер во март откако списанието „Њујорк магазин“ го опиша како „разгален наследник“ и „кретен“.

„Овие гласини ги шират хејтери, ги пренесуваат будали, а ги прифаќаат идиоти“, напиша Бетина на Инстаграм, додавајќи дека Дон Џуниор е „најпрекрасната, најнежната, најпаметната и најубавата личност“ што некогаш ја запознала.

Доналд Трамп помладиот претходно беше во шестгодишна врска со поранешната водителка на „Фокс њуз“, Кимберли Гилфојл. Двојката се сврши во 2022 година, но раскина во 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот