ФОТО: Димитријевиќ со ново големо признание во Еврокупот!

фото: Еврокуп

Годишното „истражување“ на Евролигата за првиот, регуларен дел од сезоната, кое го реализираат генералните менаџери на тимовите во Еврокупот е тука!

На крајот на првата, групна фаза од сезоната, на луѓето кои раководат со клубовите учесници во второто според квалитет натпреварување, им беа поставени серија на прашања во врска со играчите и тимовите кои се дел од натпреварувањето.

Меѓу темите што беа разгледани беа нивните фаворити за влез во финалето на Еврокупот, нај изненадувачкиот тим, најдобриот тренер и најдобрите играчи во различни категории..

Фото: kfsm.mk

Во една од нив, насловена како „Ѕвезди во подем“ е и она на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој ги брани боите на шпанската екипа Хувентуд. Генералните менаџери кои се дел од Еврокупот, во овој момент сметаат дека нашиот кошаркар е втор најдобар млад играч во ова натпреварување.

Виктор Вембанјама од Нантер доби 20.8% од гласовите додека организаторот на играта на Хувентуд има 16.7% во анкетата на Еврокупот, што е доказ плус за растот на младиот Македонец во една ваква, силна европска конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот