ФОТО | Диетата на најубавата жена на светот: Моника Белучи изгледа заносно благодарение на ова седумдневно мени

Фото: Инстаграм

Доколку сакате да започнете диета, мора да знаете дека не треба да го исцрпувате организмот. На тој начин ќе го добиете само спротивниот ефект.

Важно е да се храните здраво и да слабеете здраво.

Една од диетите која се покажала како успешна е онаа на која се придржува славната италијанска убавица Моника Белучи, која вели дека не ужива во вежбањето и дека сака добра храна, но ако се здебели некој килограм повеќе, го спроведува овој седумдневен план на исхрана.

– Одењето во вежбална е невозможно да го усогласам со мојот животен стил. Да станувам во пет наутро за да почнам да вежбам во 6 часот во вежбална? Нема шанси! Наместо напорно вежбање во вежбална, јас често облекувам црно. Многу е попрактично и позабавно – рекла Белучи.

Моника е поддржувач на здрава исхрана, а диетата која ја препорачува не е воопшто ригорозна.

Доколку не сте поддржувач на рестриктивна диета, ова дефинитивно ќе биде вашето идеално мени.

Исто така, сосема е во ред да се продолжи со овој режим по поригорозна диета.

Мени за диетата на Моника за седум дена:

Прв ден:

Појадок: една шолја кафе, неколку големи крекери со една лажица џем.

Ручек: салата од зеленчук зачинета со маслиново масло, парче леб од цело зрно, 150 грама свежо овошје или бобинки.

Вечера: шпагети плус рендано сирење, какво било овошје и зеленчук.

Втор ден:

Појадок: јогурт, малку овошје.

Ручек: пржени јајца (три белки и една жолчка), динстани тиквички, леб од цело зрно.

Вечера: 120 грама варено месо со ниска содржина на масти, салата од свеж зеленчук или овошје.

Трет ден:

Појадок: две тост лепчиња, овошје, шолја чај со парче лимон.

Ручек: варени компири, зачинети со маслиново масло и свежи зачински билки, сирење од сорта со ниска содржина на маснотии.

Вечера: шпагети со зрели домати и зеленило, свежо овошје.

Четврти ден:

Појадок: 200 грама јогурт со малку маснотии со една лажица корнфлекс.

Ручек: педесет грама варен ориз, сто грама варено телешко месо, сто грама задушени тиквички, бобинки.

Вечера: 150 грама варена риба, салата од свеж зеленчук, прелиена со маслиново масло, грозје.

Петти ден:

Појадок: тост и 200 грама свежо цеден сок.

Ручек: Шпагети со свежи билки, неколку парчиња ананас.

Вечера: салата (конзервирана грав, варено јајце, кромид, зеленчук), парче леб од цело зрно, овошје.

Шести и седми ден: повторете го менито од кој било ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот