Дениз Ричардс / Фото: Xavier Collin / Avalon / Profimedia

ФОТО | Дениз Ричардс со шокантна трансформација – објави фотографии пред и по затегнувањето на лицето

Актерката Дениз Ричардс е една од оние холивудски познати личности кои не се срамат да го покажат своето тело или лице. Овој викенд, таа сподели неколку неверојатни фотографии „пред и потоа“ од нејзиното затегнување на лицето кое го направил нејзиниот пластичен хирург, д-р Бен Талеи.

Покрај затегнувањето, Ричардс имала неколку процедури, вклучувајќи темпорално подигнување на веѓите, горна блефаропластика, подигнување на усните за надворешните агли на устата и трансплантација на масно ткиво, открил докторот.

Фото: Instagram / drbentalei / deniserichards

– Дениз е една од најубавите и најпрекрасните луѓе што некогаш чекореле на оваа земја. Беше неверојатно задоволство и чест да ми се довери нејзината реконструкција и, што е уште поважно, зачувувањето на нејзиниот карактер и убавина-  започнал тој во објавата.

Актерката отворено зборуваше за процедурите, нарекувајќи ги „најдоброто нешто што можев да го направам за себе“ во посебна објава што ја сподели на својата приказна на Инстаграм. На фотографиите една до друга, Ричардс покажа значајни промени на устата, вратот и пределот околу очите.

Фото: Instagram / drbentalei / deniserichards

– Беше неверојатно задоволство и чест да ми биде доверено нејзиното реставрирање и, што е уште поважно, зачувувањето на нејзиниот карактер и убавина. Тешко е да се опише во еден пасус видот на операција или процедури што ги изведувам бидејќи се толку уникатни на толку многу начини и нема стандард со кој да се споредат – напишал докторот.

Фото: Instagram / drbentalei / deniserichards

– Таа помина низ толку многу во изминатата година и нејзината отпорност е едноставно неверојатна. Има златно срце и нејзиното златно лице е повторно нејзино – додал тој.

Денис претходно отворено зборуваше за своите искуства со пластичната хирургија. На пример, минатата година откри дека имплантите на градите ѝ пукнале за време на снимањето на третата сезона на „Специјални сили“. Сепак, таа претходно изјави дека не се плаши да оди под нож, но не користи ботокс или филери.

Дениз Ричардс повторно во конфликт со поранешниот сопруг: Актерката одбива да му даде половина од заработката на „Онлифенс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот