ФОТО | Дејан Манасков стана татко, сопругата Билјана роди момче два месеца по свадбата
Поранешниот македонски ракометен репрезентативец и актуелен член на РК Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков (33), стана татко. Неговата сопруга Билјана се породи на 1 март и на свет донесе син, кој го доби името Давид.
Препорачано
Радосната вест ја сподели пејачката Тамара Тодевска, која му е кума на ракометарот. Таа на својот инстаграм-профил објави: „Добре дојде на овој свет Давид. Честито Дејан и Билјана“, со што прва ја соопшти убавата вест во јавноста.

Името Давид има еврејско потекло и се толкува како „возљубен“, а воедно е едно од најчестите библиски имиња со силна симболика.
Да потсетиме, Манасков и Билјана Стојановска, која работи во маркетинг секторот во телевизија Канал 5, направија свадба на 31 јануари годинава. Двојката најпрво се венча во црквата Рождество на Пресвета Богородица, по што следуваше свадбена прослава во позната винарија во Скопје.
На веселбата присуствуваа бројни ракометари и блиски пријатели, меѓу кои и кумот Гоце Ојлески, долгогодишен соиграч и пријател на Манасков.


