Тамара Тодевска со децата Хана и Дарен на венчавката на Дејан Манасков и Билјана/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Се ожени ракометарот Дејан Манасков: Тамара Тодевска прва објави снимки од венчавката на кумот

Ракометарот Дејан Манасков (33) вчера стапи во брак со својата сакана Билјана.

Пејчаката Тамара Тодевска прва објави неколку кратки видеа на своите инстаграм-приказни, па можевме да видиме дел од прекрасната церемонија.

 

 

Убавата невеста била облечена во бела елегантна венчаница од македонскиот моден дизајнер Игор Марков, а врз неа носела лелеава наметка со пердуви, додека потоа се пресоблекла во шик сантенска тоалета. Билјана изгледала многу гламурозно, а младоженецот – елегантно.

Инаку, Дејан ѝ е кум на Тамара, која на свадбената прослава била со децата Хана и Дарен.

 

Среќната двојка е во врска веќе извесен период. Билјана Стојановска е вработена во маркетинг сектор во Канал 5 телевизија.

Дејан Манасков настапува за Македонската ракометна репрезентација и РК Еурофарм Пелистер, а син е на македонската ракометна легенда Пепи Манасков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот