ФОТО | Дали ги забележавте? Обожавателите ги открија овие пет грешки во мегапопуларната серија „Squid Game“

Инстаграм / @squidgame_netflix

Серијата „Squid Game“ на „Нетфликс“ ја гледаа 111 милиони домаќинства ширум светот, а нејзината карактеристична и донекаде садистичка приказна во девет епизоди ги „закова“ луѓето покрај екраните, пишува хрватски „Јутарњи“.

Јужнокорејската серија руши рекорди. „Squid Game“ на пат e да стане најуспешна серија на „Нетфликс“.

Некои од актерите, благодарение на молскавичната популарност на серијата, станаа вистински ѕвезди.

Меѓутоа, како и кај повеќето снимања, во текот на процесот на снимањето може да се појават грешки коишто никој не ги забележува пред емитувањето. Ви донесуваме неколку грешки што ги откриле само најискусните обожаватели на серијата.

456 играчи доброволно одлучуваат да учествуваат во играта бидејќи очајно бараат пари поради своите големите финансиски долгови.
Главните протагонисти и броевите што им се доделени се Сеонг Ги-хун (456), Чо Санг-ву (218), Ох Ил-нам (001), Канг Сае-бајок (067), Абдул Али (199), Јанг Деок-су (101) и Хан Ми-нио (212).

Се случува неколку броеви на другите играчи да бидат ненамерно изменети во текот на епизодите. На пример, играчот број 061 во една сцена е жена, а во друга средовечен маж.

Во седмото поглавје од играта Squid, учесникот број 013 ги покажува своите способност да разликува калено стакло и лажно стакло во претпоследната игра, што му дава одредена предност во однос на другите. Кога Лидерот одлучува да ги погледне неговите лични податоци, гледаме дека учесникот 013 е роден во 1897 година, што би значело дека има дури 124 години.

 

Во петтото поглавје, полицаецот Хванг Jун-хо одлучува темелно да ја испита играта Squid  а потоа го чита секој од доверливите документи поради информации. Она што најмногу го привлекло вниманието на гледачите во оваа сцена било погрешно напишаниот збор. Наместо „строго доверливи“, продуцентите на серијата не сфатиле дека го напишале Top Scrert.

Многу следбеници не го простија фактот дека еден протагонист мораше да се бори посилно, за разлика од другите учесници, во втората игра од серијата, која се состоеше од кршење колачиња. Имено, чадорот прикажан на почетокот на играта беше со поедноставен облик од оној што го доби Сеонг Ги-хун (456).

Во последното поглавје од играта Squid  Сеонг Ги-хун (456) се појавува на сцената со мобилен телефон Самсунг С7, но штом ќе пристигне на аеродромот, има Самсунг С3.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот