Која е ѕвездата на „Squid Game“ Хо-Јеон Јунг, играчот број 067?

игра на лигњи
Фото: Принтскрин / Instagram

Хо-Јеон Јунг е следната голема кореанска ѕвезда. Се работи за 27-годишната манекенка топ модел од Јужна Кореја која стана актерка и се лансираше во светот на славата со своето деби на новата драма „Squid Game“.

Иако можеби е ново лице на актерската сцена, таа веќе некое време е една од топ моделите на Јужна Кореја препознатлива особено по нејзината карактеристична црвена коса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HoYeon Jung(Chung) (@hoooooyeony)

Ја започнува својата кариера на 16-годишна возраст, создавајќи си име во модната индустрија по нејзиното појавување во четвртата сезона на „Следниот Топ Модел на Кореа“ во кое на своја 20-годишна возраст ја освои втората позиција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HoYeon Jung(Chung) (@hoooooyeony)

Во 2016 година дебитира на големите писти, чекорејќи на пистата на Луј Витон и „Opening Ceremony“. Таа сезона ќе зачекори и по пистите на Марк Џејкобс, Фенди, „Rag & Bone“, Алберта Ферети и Макс Мара, а истата година се појавува и во епизода на серијалот „Beauty Secrets“ на „Vogue“, и на насловните на Вог Кореа, Вог Јапан и Харперс Базар Кореа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HoYeon Jung(Chung) (@hoooooyeony)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HoYeon Jung(Chung) (@hoooooyeony)

Во текот на нејзината кариера ќе продолжи да чекори и за Скјапарели, Шанел, Миу Миу, Емилио Пучи, Прабал Гурунг и Ланвин. Јунг се појавува и на рекламните кампањи на Сефора, Шанел, Хермес и Луј Витон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HoYeon Jung(Chung) (@hoooooyeony)

Неодамна актерката успеа да потпише со Луј Витон и Адидас, постанувајќи актуелниот светски амбасадор на француската куќа за модниот сектор на куќата, часовниците и накит, и ја водеше и последната кампања за куќата.

„Повеќе од било што, мислам дека можев да ја прифатам Сае-бјеок без некои големи потешкотии затоа што сум слична на неа. Во 2016, ја напуштив Кореа да продолжам со мојата манекенска кариера прекуокеански, и поминав многу време сама. Во тоа време, емоцијата која ја почувствував најмногу беше „осаменост“… Тоа чувство на самотија додека се обидував да се одржам и да живеам не е толку поразлично“, изјави Јунг за „W Korea“ за улогата во „Squid Game“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HoYeon Jung(Chung) (@hoooooyeony)

Јужнокорејската драма „Squid Game“ е прво актерско остварување за Јунг. 27-годишната актерка, родум од Сеул, направи скок од 400 илјади следбеници на Инстраграм пред серијата, на над 19 милиони следбеници во моментов, со што постана најследената кореанска актерка на Инстаграм досега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HoYeon Jung(Chung) (@hoooooyeony)

 

Видео на денот