ФОТО: Чурлинов не е во првиот тим на Шалке, иако помогна да се врати тимот во Бундеслигата

чурлинов
Дарко Чурлинов имаше значаен придонес во успехот на Шалке/Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Дарко Чурлинов минатата сезона во Бундеслига 2 во дресот на Шалке имаше учинок од два голови и четири асистенции.

Навивачите беа импресионирани од перформансите на македонскиот репрезентативец кој имаше значаен придонес за клубот од Гелзенкирхен да се врати во Бундеслигата.

Желбата на фановите беше Чурлинов да остане и следната сезона, но тоа нема да се случи.

Штутгарт, од каде што играше на позајмица, во изминатиот период бараше три милиони евра за да го продаде Македонецот, но Шалке не се согласи за толкава цена да го купи.

Денеска Шалке објави слика од првиот тим во кој не се наоѓа нашиот репрезентативец. За Чурлинов останува да се врати во Штутгарт кој успеа да обезбеди опстанок во германската елита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот