ФОТО | Цеца ги засени сите со бујното деколте: Пејачката само со градник под палтото, а во рацете детаљ од 4.200 евра

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ постојано изненадува со своите скапи модни изданија, а деновиве на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ се појави во многу предизвикувачка комбинација.

Имено, таа за оваа пригода избра свечено бело одело, со мали златни детали, кое го комбинираше со бела чанта од „Диор“, која исто така е во тренд оваа сезона.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Познатата чанта од „Диор“ чини околу 4.200 евра и е омилена на многу дами. Цеца избра една во бела боја, со златни детали која одлично се вклопи во целосната модна комбинација.

Сепак, сè падна во втор план пред бујното деколте кое пејачката го истакна покажувајќи дека под палтото носи само градник.

Останатите фотографии од модното издание на Цеца погледнете ги ТУКА.

Цеца се огласи за тврдењета дека Анастасија е бремена и порача едно: Јас како мајка…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот