ФОТО | Бредли Купер „пука“ на високо: До уши е вљубен во жената која е десна рака на Хилари Клинтон

Фото: Инстаграм/Профимедиа/EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Холивудскиот заводник Бредли Купер (47) има нова девојка! Актерот веќе неколку месеци се гледа со Хума Абедин (45), најблиската соработничка на Хилари Клинтон и поранешна сопруга на посрамотениот политичар Ентони Вајнер.

Двојката ги запознала уредничката на „Вог“ Ана Винтур, која е блиска пријателка на Бредли и Хума, пренесува „Пејџ сикс“.

„Ана ги „намести“. Таа е пријателка со Бредли и ја обожава Хума”, рекол добро упатен извор.

Фото: Профимедиа

Холивудски инсајдер ја потврдил веста: „Бредли е во врска со Хума веќе неколку месеци, но и двајцата го кријат тоа. Тој раскина со колешката Дијана Агрон и веднаш почна да излегува со Хума“.

Анонимниот извор додал и дека 45-годишната политичарка на неколку пријатели им кажала дека има нов маж, но не им го открила неговиот идентитет.

„Тие се совршени еден за друг. И двајцата се занимаваат со моќни бизниси, политика и луѓе“, рекол изворот.

Фото: Профимедиа

Претставниците на медиумите на Хума и на Купер не ги коментирале овие наводи.

Во ноември, Абедин ги објави своите мемоари „Двете/и: Живот во многу светови“, откривајќи ги интимните детали од нејзиниот необичен живот. Таа е многу религиозна муслиманка, па со оглед на тоа раскажа како ја изгубила невиноста дури на 32 години, кога се омажила за Вајнер, кој пред неколку години беше во центарот на скандал за секстинг и однос со малолетно лице.

„Срцето ми беше скршено, згазено, понижено. Толку долго живеев со срам и во срам. Кога ќе погледнам наназад, бев во екстремна траума“, признала политичарката како се чувствувала по скандалот што и го приредил сопругот.

Признала и дека во таа ситуација најмногу и помогнала нејзината блиска пријателка Ана Винтур: „Самиот факт што бев со неа и што излегувавме ми помогна да се чувствувам нормално и сакано“.

Двојката го има и 10-годишниот син Џордан, а сега е во последната фаза од разводот.

„Бредли во најмала рака е голем чекор во однос на Ентони Вајнер“, вели изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Huma Abedin (@humaabedin)

Да потсетиме, Купер ја има петгодишната ќерка Леа со манекенката Ирина Шајк, со која се раздели во 2019 година.

Бредли Купер откри дека бил зависник: Бев толку изгубен…

ФОТО | Прв увид во филмот „Маестро“: Бредли Купер се претвори во Леонард Бернштајн

Бредли Купер проговори за појавувањето на Ирина Шајк на неговата премиера: Дали ова значи дека се повторно заедно?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот