Бредли Купер откри дека бил зависник: Бев толку изгубен…

бредли купер
Бредли Купер / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Актерот Бредли Купер призна дека бил зависник од кокаин и алкохол пред да стане светски познат по неговата улога во филмот „The Hangover“.

Купер беше гостин во подкастот „Smartless“, а разговорот го водеа Џејсон Бејтман, Вил Арнет и Шон Хејс. Тој откри дека сфатил дека има „проблем со дрога и алкохол“. Сè започнало кога Купер почнал да ги добива своите први улоги по дипломирањето на „Actors Studio Drama School“ во Њујорк, САД.

„Бев толку изгубен… Бев зависник од кокаин. Тоа се случи веднаш откако дадов отказ или ме отпуштија од серијата „Alias“, рече актерот, додавајќи дека се борел со „недостаток на самодоверба“.

„Имав среќа тоа се случи кога имав 29 години. Мислев дека успеав кога ја добив рекламата за „Wendy’s“. Но дефинитивно не го чувствував тоа. Кога се преселив во Лос Анџелес за серијата „Alias“, се чувствував како да се вратив во средно училиште – не можев да влезам во ниту еден клуб, ниту една девојка не сакаше да ме погледне. Бев тотално депресивен“, изјави актерот.

„Тоа всушност беше случај до „The Hangover“. Имав 36 години кога работев на „The Hangover“, па морав секојдневно да поминувам низ сите тие работи пред воопшто да ме стигне славата. Значи, сето тоа се случи пред сето тоа“, продолжи Купер.

Филмот „The Hangover“ се појави во 2009 година, а Бредли рече дека половина деценија порано сфатил дека е на „пат на уништување“. Тој раскажа дека во јули 2004 година Вил Арнет отишол во неговиот дом за да види дали е добро, а кога сфатил дека Купер не ги прошетал своите кучиња цел ден, се загрижил за за неговата ментална состојба.

бредли купер
Бредли Купер / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

„Тогаш првпат сфатив дека имам проблем со дрогата и алкохолот. Тоа што ми го кажа Вил, никогаш нема да го заборавам. Тоа ми го смени целиот живот. Дефинитивно направив големи промени од 29 на 34 години, кога можев барем да застанам пред некој и да дишам, слушам и разговарам“, рече Купер.

Актерот откри дека поради Вил решил да го промени својот живот, благодарение на него, Купер станал еден од најбараните актери во Холивуд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот