ФОТО | Блу Ајви е иста како мама Бијонсе: Честитки за роденденот доби и од бабата Тина
Ќеркичката на Бијонсе и Џеј Зи неодамна го прослави својот 10ти роденден. Малечката Блу Ајви која е „плукната“ на мама и тато, доби честитки од многумина, но она што ја израдува најмногу беше честитката од баба Тина Ноулс, мајката на Бијонсе.
Препорачано
На својот инстаграм профил, Тина стави фотографија од нив две како позираат на плажа и напиша:
„Мојата прекрасна, талентирана и супер паметна внука Блу Ајви денес наполни 10 години. Се чини како вчера да беше денот кога се роди. Блу е мојот омилен јарец. Се молев да се роди на мојот роденден, но таа го прави она што го прави секогаш – дојде три дена подоцна, кога беше подготвена“
Таа додаде дека секогаш се потсетуваат една со друга колку се слични, а напиша:
„Блу е една од оние ретко талентирани луѓе кои прават сè околу нив да биде добро. Бог ме благослови кога се роди, моето прекрасно слатко бебе, среќен роденден“ – придружено од многу емотикони со срциња и роденденски торти.
Блу Ајви е прво дете на ѕвездениот поп пар Бијонсе и Џеј Зи. Малечката која веќе е големо девојче, навистина е копија на својата мајка.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


