ФОТО | Блескаше во Холивуд во 90-те, ги кршеше женските срца, а потоа исчезна: Денес тој е непрепознатлив!

Фото: Профимедиа

Брендан Фрејзер (52) во деведесеттите важеше за една од најголемите холивудски ѕвезди. Се прослави со улогите „Џорџ од џунглата“ и како главен лик во „Мумија“, каде глумеше со Рејчел Вајс.

По големиот успех во споменатите филмски остварувања тој се повелече од Холивуд во 2010 година, иако продолжи со повремените снимања на помали филмови и тв серии. Тој никогаш повеќе не го достигна успехот од 90-те.

Во едно интервју од 2018 година тој тврди дека Холивуд го ставил на црната листа.

Подоцна тој раскажа дека сексуалното злоставување, пропаднатиот брак, депресијата и честите повреди ја упропастиле неговата кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vanidadesusa

Откако стана миленик на жените ширум светот, Брендaн нагло одлучил да се повлече од јавноста и да живее далеку од светлата на рефлекторите.

Според неговите зборови во 2003 година тој бил сексуално вознемируван од влијателниот новинар Филип Берк, тогаш и претседател на HFPA.

„Со левата рака ме фати за половината, а со еден од прстите ме допираше во подрачјето на половиот орган. И почна да ја мрда раката. Ми беше лошо. Се чувствував како мало дете, како да имам кнедла во грлото. Мислев дека во секој момент ќе почнам да плачам“, изјавил актерот за магазинот „GQ“.

Според неговите тврдења, веднаш по инцидентот тој го напуштил хотелот и од срам од немилиот настан не сакал на никого да каже, освен на својата жена. Стравувал дека тоа ќе се одрази на неговата кариера.

„Не сакав да се расправам со луѓето и да зборувам како се чувствувам, или пак тоа да стане дел од мојата биографија. Станав депресивен. Се обвинував себе и бев очаен бидејќи на себе си си говорев „тоа не е ништо, човекот само ме допре“, изјави тој.

Подоцна тој сето тоа го пријавил во Холивудската асоцијација за странски медиуми, но го игнорирале.

Фото: Профимедиа

Берк тврдењата на актерот жестоко ги отфрлил и целата верзија на актерот ја нарекол измислица, а Фејзер после тоа престанал да добива покани за доделувањето на Златен глобус и слични настани…

Бидејќи тој сам ги снимал своите каскадерски сцени, и здравјето го земало својот данок, па така тој бил на повеќе операции за грбот и колената, а дури ги оперирал и гласните жици.

Фото: Профимедиа

Брендан денес има 52 години и целосно е променет, толку многу што многумина не можат да го препознаат ниту на улица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STEVE TREANOR (@menacelive)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот