ФОТО | Бил Гејтс ќе стане дедо, ќерка му Џенифер го очекува првото дете

Фото: Инстаграм/Џенифер Гејтс/EPA

Џенифер Гејтс го очекува своето прво дете со сопругот Најел Насар, пишува „Дејли мејл“.

Имено, 26-годишната ќерка на милијардерот Бил Гејтс и неговата поранешна сопруга Мелинда ја откри радосната вест на Денот на благодарноста, објавувајќи фотографии на кои го покажа трудничкото стомаче и на кое позира со сопругот.

„Благодарна“, стои во описот на фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)


Мајка ѝ Мелинда ѝ напиша емотивен коментар: „Не би можела да бидам повозбудена што ќе го запознам ова малечко и што ќе ве видам вас двајца како станувате родители“.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Бебето на Џенифер и Најел ќе биде првото внуче на Бил и Мелинда, кои се разведоа во 2021 година, по 27 години брак.

Како потсетување, Џенифер и Најел стапија во брак во октомври минатата година, а нив ги спои љубовта кон коњите и јавањето и извесно време тие се натпреваруваа низ целиот свет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот