ФОТО | Бекамови со голема прослава го одбележаа 21. роденден на Круз, Бруклин не присуствувал
Семејството Бекам минатиот викенд го прослави 21. роденден на најмладиот син Круз со раскошна забава во ексклузивен ресторан во Лондон. Иако Круз официјално полнеше 21 година на 20 февруари, прославата започнала претходно, со собирање на семејството и блиски пријатели, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3






Родителите, Дејвид и Викторија Бекам, биле сложни и горди додека го славеле важниот животен момент на синот, и покрај тоа што најстариот син Бруклин Бекам не присуствувал. Неговото отсуство и тековните семејни несогласувања не ја нарушиле атмосферата, а забавата траела до раните утрински часови.
Круз, кој е голем љубител на музиката, ја избрал темата на вечерта „Grande Beatles Ball“. Просторот бил украсен со голем сјаен лустер, гостите пристигнале во црни вратоврски, а вечерта била збогатена со луксузна вечера од три сета. На мени-то според изборот на Круз имало пилешки крилца и ребра за предјадење, додека главното јадење било бургери или тако со риба.
Врвот на вечерта бил моментот кога славеникот настапил на сцена со својот нов бенд „Круз Бекам и Бикерс“ (Cruz Beckham And The Beakers), изведувајќи неколку песни и симболично означувајќи го почетокот на својата музичка кариера.
Емоционален момент настапи кога Викторија, 14-годишната сестра Харпер и неговата девојка Џеки Апостел одржаа трогателен говор. Круз не можеше да ги сокрие солзите додека седеше покрај татко си Дејвид и ги слушаше зборовите на поддршка од жените кои имаат посебно место во неговиот живот.
Викторија блесна во елегантен темносин фустан, додека Дејвид носеше беспрекорно кроено одело. Парот, видливо среќен, позираше за фотографите со своите деца пред почетокот на вечерта. Круз привлече внимание со сино одело дизајнирано од мајка му, со жолта вратоврска со дезен и црвени трегери, додека Џеки Апостел блесна во црн фустан без ракави.
Помладата сестра Харпер позираше насмеана во едноставен црн фустан, додека братот Ромео пристигна елегантно облечен држејќи се за рака со девојката Ким Тернбул. Меѓу фотографиите се најде и моментот кога Круз и Дејвид заедно ја набљудуваат забавата, како и снимка од славеникот со дедото Тони Адамс.
Викторија на социјалните мрежи напиша: „Славиме за Круз порано!! Толку те сакаме!!!“
Сепак, сенка врз семејната прослава фрли фактот дека Бруклин повторно не присуствуваше. Истата недела јавно порача дека ќе ја „штити засекогаш“ својата сопруга Никола Пелц, дополнително нагласувајќи го несогласувањето со родителите. Неговите изјави следат по претходните обвинувања кон семејството, кои веќе месеци се тема на медиумските шпекулации.


