Бебе Реџа / Фото: EPA/Инстаграм/Бебе Реџа

ФОТО | Бебе Реџа го поддржа протестот на студенти Албанци во Македонија: „Јазикот е длабоко вкоренет во нашиот идентитет“

Светски познатата пејачка Бебе Реџа, со етничко албанско потекло од Македонија, јавно ги поддржа студентите Албанци кои за денеска најавија нов протест во Скопје со барање правосудниот испит да се полага и на албански јазик.

Реџа се огласи преку Инстаграм, каде што сподели порака за значењето на албанскиот јазик и повика на поддршка за студентите.

„Нашиот албански јазик е длабоко вкоренет во нашиот идентитет. Со генерации се боревме да го зачуваме и да го одржиме во живот.
Северна Македонија е мултиетничка држава изградена врз коегзистенција и еднакви права за сите нејзини заедници, каде што албанскиот јазик е признаен како коофицијален јазик“, напиша пејачката.

Фото: Инстаграм/Бебе Реџа

Ова ќе биде втор протест на дел од студентите Албанци, откако еден се одржа минатиот месец пред Министерството за правда и Владата.

Во меѓувреме, поддршка за студентите дадоа и политичари од албанскиот блок, како и функционери од Албанија и Косово.

ВРЕДИ: Со законот за правична застапеност ги носиме Албанците во центарот на институциите, каде што припаѓаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот