ФОТО | Бака Прасе раскина со преубавата Ања: И на двајцата ни е многу тешко, но тоа е животот

Бака Прасе/Instagram
Бака Прасе/Instagram

Српскиот јутјубер Бака Прасе официјално потврди дека тој и неговата девојка Ања Благојевиќ раскинале.

Со емотивна објава на својот инстаграм профил низ сториња, јутјуберот напиша дека иако многу се сакаат, и премногу им е тешко, сепак мора секој да продолжи по својот пат.

„Одењето заедно во Амстердам ни беше проштално патување“, напиша тој.

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ кој е познат како Бака Прасе меѓу интернет заедницата, годинава не можеше да ја заврши полошо. Јавноста го обвини за смртта на младата јутјуберка Кика Ѓукиќ која си го одзеде животот, а тој беше обвинет дека јавното исмевање и препирки со неа на социјалните мрежи ја доведоа до тој чин. Беше повикан и на распит пред полицијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Ilic (@bakaprase)

По смртта на младата јутјуберка, јавноста со силен притисок и јавна петиција бараше да му биде суспендиран Youtube каналот. Тој неодамна објави дека е со Ања во Амстердам и дека најверојатно ќе остане да живее таму, затоа што во Србија е веќе persona non grata.

Aња и Бака Прасе беа во врска од почетокот на минатата година. Се запознале кога таа имала 17 години, а тој 21, и на почетокот немало хемија меѓу нив, но по извесно време започнале романтична врска.

Ања е позната фитнес инструкторка и Инстаграм инфлуенсерка, а нејзиниот профил го следат преку 500 илјади следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANJA (@anjablaa)

Бака Прасе приведен на сослушување во врска со смртта на јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ

ВИДЕО | По смртта на Кика, Бака Прасе се отсели од Србија: Добивав смртни закани

ФОТО | Србите во шок: Се самоуби позната 21-годишна инфлуенсерка

Видео на денот