Бака Прасе приведен на сослушување во врска со смртта на јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ

baka prase
Фото: Принтскрин / Instagram

Богдан Илиќ, или попознат како Бака Прасе, е однесен во просториите на Одделот за високотехнолошки криминал на МВР за да даде изјава за сите познати околности поврзани со смртта на Кристина Ѓукиќ, која го користела прекарот Кика на социјалните мрежи.

Специјалното обвинителство упати барање до МВР да ги собере потребните информации за други околности кои се важни за утврдување на целосната фактичка состојба во врска со трагичниот настан.

Засега тој е на распит како граѓанин, а не како осомничен, а понатамошната истрага ќе утврди дали има врска со смртта на јутјуберката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Ilic (@bakaprase)

Младата јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ (21) изврши самоубиство поради долгогодишното злоставување кое го трпела на социјалните мрежи.

Кика беше една од омилените српски гејмери, јутјубери и инфлуенсери кај помладата популација. Родена е во Белград, имаше само 21 година и беше една од ретките гејмери ​​на ова поднебје, а во март 2015 година го лансираше својот „YouTube“ канал каде секојдневно објавуваше клипови во кои игра една од најпопуларните игри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот