ФОТО | Србите во шок: Се самоуби позната 21-годишна инфлуенсерка
Српската инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ ставила крај на сопствениот живот. За трагичниот настан јавноста ја извести нејзината пријателка, инфлуенсерката Лаура Тешановиќ.
Препорачано
View this post on Instagram
Кика Ѓукиќ беше позната српска гејмерка, јутјуберка и инфлуенсерка чиј јутјуб-канал во октомври 2019 година имаше околу 639 илјади следбеници. Родена е на 25 јули 2000 година во Белград.

„На наше големо жалење, морам да ве известам дека Кика повеќе не е со нас. Сакам да изразам сочувство до нејзиното семејство и до сите луѓе кои ја сакаа и ја познаваа… Те сакам Кико, засекогаш, почивај во мир“, стои на инстаграм-профилот на пријателката на Кика.

Судејќи по претходната објава на Лаура во која оставила контакт броеви за превенција на самоубиства, Кика извршила самоубиство.

Од неа се збогуваше и инфлуенсерот Милош Бајиќ, попознат како Милош ХД…
„Сè што би сакал да кажам, а има многу работи, сега би било излишно. Почивај во мир малечка, те сакам и нека те чуваат ангелите… Најмногу би сакал ова да беше некоја глупава шега, но не е. Ситуацијата е сериозна и не можам да одговорам на сите во моментов, постои сомнеж за самоубиство, ништо повеќе не можам да напишам“, откри инфлуенсерот.


