ФОТО | Алесандра Амброзио има ново момче: Папраците ги уловија нивните сочни бакнежи

Фото: Профимедиа

Една од најубавите манекенки на светот ужива во новата романса…

Славната бразилска манекенка Алесандра Амброзио (40) е уловена од папараците со новиот партнер Ричард Лиј на плажата во Санта Моника, едно од најдобрите места во Калифорнија.

Фото: Профимедиа

Поранешниот ангел на Викторија Сикрет и нејзиниот избраник уживаа на песокот впивајќи ги сончевите зраци, а дека се вљубени до уши покажуваа и нивните сочни бакнежи.

Фото: Профимедиа

Во розевиот едноделен костим за капење со интересните контури кои откриваа малку повеќе, Алесандра ја покажа совршената линија во петтата деценија. Таа носеше и портокалово капче и очила за сонце.

Фото: Профимедиа

Парот не им обрнуваше внимание на љубопитните минувачи и уживаше разменувајќи бакнежи.

Фото: Профимедиа

Алесандра има син и ќерка со поранешниот вереник, претприемачот Џејми Мазуро со кој раскина во март 2018 година, а три месеци подоцна беше во врска со италијанскиот бизнисмен Никола Оди, но и на таа врска набрзо и стави крај.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот