ФОТО | Актерот Келси Грамер ќе стане татко на 70 години, ова е негово осмо дете
Американскиот актер Келси Грамер (70), најпознат по улогата во серијата „Фрејзер“ (Frasier), повторно ќе стане татко. Неговата сопруга Кајт Волш (46) е бремена со нивното четврто дете, а за актерот ова ќе биде осмо дете, објави „Пипл“.
Препорачано
Папараци ја фотографираа двојката како се шетаат низ парк во Лондон. Неговата сопруга носеше широк црн долг фустан, во која се забележуваше трудничкиот стомак, додека Грамер беше во лежерно издание – со темно сина маица и бели шорцеви.
Грамер и Волш веќе имаат три деца – ќерката Фејт (12) и синовите Габриел (10) и Џејмс (8). Од претходни врски, актерот има уште четири деца: Спенсер (41), Грир (33), Мејсон (23) и Џуд (20).
Kelsey Grammer Is Set to Become a Dad of 8 at 70 as Wife Kayte Walsh Is Expecting Baby No. 4 (Exclusive) https://t.co/2gggmG6dHa
— People (@people) June 17, 2025
Во мај годинава, Грамер во интервју за „Пипл“ искрено зборуваше за улогата на родител и призна дека не бил доволно присутен во животот на своите најстари деца.
„Знам дека ги занемарив некои од децата, особено првите две. Сега се обидувам да надоместам. Сѐ уште сум нивен татко, секогаш има време да се појавиш“, изјави актерот.
Тој додаде дека денес е поспецифичен и појасен со своите помали деца, особено околу очекувањата, обврските и социјалното однесување.
Во декември минатата година, неговата ќерка Грир објави видео на ТикТок од нивно заедничко патување во Њујорк, каде искрено сподели дека како дете не поминувала многу време со татко ѝ, но дека секој момент денес ѝ е бесценет. Видеото подоцна беше избришано.


