Фотката со која полицијата го бара овој крадец стана хит, веднаш ќе видите зошто! (ФОТО)

Полицијата во Калифорнија се обидува да улови крадец користејќи ја карикатурата која уметникот ја цртал додека тој наводно му украл 500 долари.

„Ја препознавате ли оваа карикатура? И не…. не се шегуваме“,, напиша полицијата од Риверсајд на Фејсбук вчера, а фотографијата веднаш стана вирална.

DO YOU RECOGNIZE THIS CARICATURE? And no, we are not kidding…On Thursday, December 5, 2019, the victim was working…

Publiée par Riverside Police Department sur Mardi 17 décembre 2019

Кога уметникот ја завршил неговата карикатура, крадецот му ја зграбил торбичката со пари и побегнал оставајќи одличен траг, наведоа од полицијата. „Ова е фотографијата од осомничениот, но нормално бидејќи е карикатура има пренагаласени одлики на ликот“, додадоа од полицијата.

Карикатурата насмеа бројни корисници на социјалните мрежи, но многумина ги растажи фатот дека уметникот ги загубил парите. „Се надевам дека ќе го фатат“, гласи само еден од илјадниците коментари на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот