Макс Ферстапен / Фото: EPA / DUSTIN SAFRANEK

Формула 1: Што треба Верстапен да стори за да ја освои титулата?

Она што првично изгледаше како дуел помеѓу колегите од Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис, сега е драстично променето од актуелниот шампион, Макс Верстапен од Ред бул

Мекларен веќе ја обезбеди титулата кај конструкторите, а борбата за титулата кај возачите се интензивира со тројца во игра. Она што првично изгледаше како дуел помеѓу колегите од Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис, сега е драстично променето од актуелниот шампион, Макс Верстапен од Ред бул.

По убедливата победа на гран-при на САД, каде однесе победа и во спринт, Верстапен ја намали разликата во однос на лидерот Пјастри на само 40 поени, а на крајот на август заостануваше дури 104 поени. Норис заврши втор во Остин, намалувајќи ја предноста на Пјастри на само 14 поени, со пет трки и два спринта до крајот на сезоната.

Холанѓанецот го пронајде својот ритам

Верстапен, исто така, победи во спринтот во Остин, додека двајцата возачи на Мекларен се судрија и се откажаа, што резултираше со викенд со освоени максимални поени за четирикратниот светски шампион. Верстапен очигледно го пронајде својот ритам, победувајќи на три од последните пет трки и завршувајќи втор во другите две.

Како може Верстапен да ја одбрани својата титула?

Верстапен може да ја одбрани својата титула ако постојано ги надминува двајцата возачи на Мекларен во последните пет трки. Тој е 40 поени зад лидерот Пјастри, но со 141 поен сè уште се достапни за освојување во преостанатите пет трки (по 25 поени секоја) и два спринта (по 8 поени секој), разликата може да се намали. Ако Верстапен продолжи со својата победничка форма, а ако Пјастри и Норис си земаат поени еден од друг борејќи се за места на подиумот, тоа може да се случи.

„Математики“

Но нема да биде лесно. Пресметката покажува дека дури и ако Холанѓанецот освои максимални 141 поен до крајот на сезоната, тој нема да може да стане шампион ако Пјастри не забележи барем еден или два послаби пласмани, како оние во Остин. Дури и ако завршува како втор до крајот на сезоната, а Верстапен ако победува, Пјастри сепак ќе стане шампион со предност од три бода (448 наспроти 451 во корист на возачот на Мекларен).

Загрижувачко за Австралијанецот е тоа што од неговата победа во Холандија, тој нема ниеден пласман меѓу првите две места и само еднаш се искачи на подиумот, како трет во Монца. Ова му овозможи на Верстапен да скрати 64 поени од својата негатива во последните четири трки во Италија, Азербејџан, Сингапур и САД, искористувајќи ги двете нули на Пјастри.

Надежи

Овие најнови резултати му даваат надеж на Холанѓанецот дека сепак ќе може да се избори за својата петта титула.

Верстапен, победи на трката за Големата награда на САД. Ландо Норис заврши втор, Шарл Леклер од Ферари заврши трет. Лидерот на табелата на возачите Пјастри, заврши петти.

Ред Бул во САД се обиделе да го саботираат Норис, ќе платат казна од 50.000 долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот