Фото: EPA/DUSTIN SAFRANEK

Ред Бул во САД се обидел да го саботира Норис, ќе плати казна од 50.000 долари

Тимот на Ред Бул ќе мора да плати казна од 50.000 долари поради инцидент што се случил непосредно пред почетокот на трката за Големата награда на САД, кој, според официјалните лица, претставува сериозно прекршување на правилата, а не само обично недоразбирање.

Како што пренесуваат странските медиуми, еден член од австрискиот тим се обидел да се врати на стартната решетка за време на загревачкиот круг, и покрај тоа што експлицитно му било наредено дека тоа не смее да го направи. Истрагата подоцна открила и зошто сакал да го направи тоа, тој се обидел да ја отстрани визуелната ознака што тимот на Мекларен ја поставил на патеката за Ландо Норис, за подобра ориентација при позиционирањето на болидот пред стартот.

Оваа ознака, поставена точно во висина на визирот на шлемот на Норис, служела како референтна точка за тој да го заземе идеалното место на стартната линија. Намерата на членот на Ред Бул, очигледно, била да му го отежне тој процес што беше протолкувано како обид за саботажа.

Иако камерите задолжени за ТВ-преносот не го фатија моментот, доказите беа пронајдени преку безбедносните камери поставени околу патеката, по што следеше и официјалната санкција.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот