Формула 1: Откажана трката за Големата награда на Јапонија

Коронавирусот пречка да се организира годинава ГН Јапонија на Сузука/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Формула 1 објави дека трката за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука, која беше закажана за 10 октомври, нема да се одржи.

Јапонија беше 17 трка по ред во овогодинешниот Ф1 календар, од вкупно 23 колку што се планираа.

Но, поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во оваа земја, организаторите одлучија да ја откажат трката.

– Одлуката ја донесе јапонската влада поради компликации предизвикани од пандемијата. Формула 1 работи на деталите за променетиот календар и сè ќе биде познато во следните неколку недели – стои во соопштението.

Оваа сезона трките во Сингапур, Канада и Австралија беа откажани од истите причини, а трката во Кина беше одложена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот