Формула 1: Макс Верстапен победник на трката за ГН Бахреин

Триумф на холандскиот Ф1 возач на „Ред Бул“, Макс Верстапен/фото: EPA-EFE/ALI HAIDER / POOL

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен е победник на првата трка во новата сезона, за Големата награда на Бахреин.

Така, возачот на „Ред Бул“ продолжи таму каде што застана во минатата сезона и на одличен начин дојде до првиот триумф на патеката Шакир.

Дека тимот на „Ред Бул“ ќе биде уште подобар оваа сезона говори и фактот што на оваа патека оствари двојна победа, откако Серхио Перес заврши на второто место.

Трет беше Карлос Саинц од редовите на „Ферари“. Редоследно од четвртата до 10 позиција се најдоа Леклер, Расел, Норис, Хамилтон, Пјастри, Алонсо и Строл.

Следната втора трка ќе се вози на 9 март за Големата награда на Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот