Формула 1: Хамилтон победник на хаотичната трка во Бахреин!

Фото: EPA-EFE/Giuseppe Cacace/Pool

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Бахреин во која се случија неколку големи инциденти, а се одвојува моментот кога се запали болидот „Хас“ на Роман Грожан.

Во центарот на вниманието се најде и Ленс Строл чиј болид се преврте, а лошиот ден на „Рејсинг поинт“ го комплетираше нивниот втор возач Серхио Перез чиј болид се запали на три круга пред крајот на трката која заврши зад безбедното возило.

ВИДЕО: Им нема крај на ужасите во Бахреин, нов сериозен инцидент!

На крајот седумкратниот светски Ф1 шампион Луис Хамилтон со „Мерцедес“ ја оствари 95 победа во неговата кариера, 11 во сезоната. Второто место го освои возачот на „Ред Бул“, Макс Верстапен, а трет неговиот тимски колега Александар Албон.

Трката беше обележана со големиот инцидент во првиот круг кога возачот на „Хас“, Роман Грожан удри во заштитната ограда. Неговиот болид се запали, а Французинот успеа да излезе од пламенот, а според првите информации тој помина со полесни изгореници на рацете и нозете и скршени ребра.

ВИДЕО: Страшна несреќа на трката во Бахреин, Грожан се здоби со изгореници!

Трката беше во прекин час и половина, сè додека редарите не ја поправија оградата и не ја исчистеа патеката.

Следната трка (претпоследна) во шампионатот ќе се одржи следната недела за Големата награда на Шакир, исто така во Бахреин. Моментно во генералниот пласман Хамилтон има 332 бодови, сигурен како првопласиран, пред Валтери Ботас (201) кој заврши денеска на осмата позиција, а Верстапен е трет со 189 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот