ВИДЕО: Им нема крај на ужасите во Бахреин, нов сериозен инцидент!

Фото: EPA-EFE/Giuseppe Cacace

Големата награда на Бахреин во Формула 1 шампионатот сезонава ќе остане во сеќавање поради големите и сериозни инциденти на патеката.

Трката ја обележа Роман Грожан кој удри во ѕид, по што изби голем пожар, а возачот избегна голема трагедија завршувајќи со изгореници.

ВИДЕО: Страшна несреќа на трката во Бахреин, Грожан се здоби со изгореници!

Се чекаше час и половина за „рестарт“, а потоа се случи нова сериозна несреќа.

Дани Квјат (кого го обвинија и за инцидентот на Грожан) на една од кривините удри во Ленс Строл, по што се преврте болидот на „Рејсинг поинт“.

Канаѓанецот, не чекајќи помош, некако успеа да излезе од болидот и за среќа помина многу подобро од Грожан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот