Формула 1 ги удвои спринт трките

фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Челниците на Формула 1 денеска соопштија дека од наредната сезона ќе се возат шест спринт трки.

Квалификациските спринт трки беа воведени во 2021 година, а покрај стартниот редослед за неделната трка, најдобрите осум возачи добиваат и дополнителни поени.

Минатата сезона спринт трки се одржаа на патеките Силверстон, Монца и Интерлагос, додека годинава досега се одржаа на патеките во Имола и Шпилберг, а квалификациската спринт трка на патеката Интерлагос е закажана за 13 ноември.

Домаќините на шесте спринт трки следната сезона ќе бидат објавени во текот на оваа сезона, а сопствениците на Формула 1, „Либерти Медиа“ одлучија во 2023 година да има рекордни 24 трки.

– Среќен сум што можам да потврдам дека шест спринт трки ќе бидат дел од Ф1 шампионатот од 2023 година, надоврзувајќи се на успехот на новиот формат кој беше воведен во 2021 година – изјави извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот