Формула 1: Дали и Големата награда на Мајами ќе биде откажана?
Временската прогноза не е добра, в недела веројатно е невреме со врнежи и грмотевици, што би можело да предизвика откажување на трката
Гран-при трката во Мајами, првата трка во Ф1 по продолжената пауза во изминатите пет недели, би можела да биде откажана или одложена поради невреме со грмотевици што се очекува на патеката в недела (старт во 22 часот по македонско време).
Препорачано
Според прогнозите, постои 90 отсто веројатност за дожд в недела за време на трката, со закана од грмотевици.
За модерните Ф1 трки, дождот не е проблем бидејќи гумите за влажно време се внимателно развивани низ годините. Сепак, молњите се сериозен проблем за секој настан, особено за трките.
Проблемот со молњите е што медицинскиот хеликоптер не може да лета над патеката и да обезбеди итна медицинска помош.
Сезонава во Ф1 имаше подолга пауза поради војната во Иран. Трките во Бахреин и Саудиска Арабија беа откажани, а последната трка се одржа во Јапонија.
A quick refresher of the drivers' standings as we look ahead to Miami! 👀#F1 #MiamiGP pic.twitter.com/T9SPF0xkKS
— Formula 1 (@F1) April 29, 2026
За среќа, ќе има спринт трка в сабота и надежите се дека времето ќе е доволно добро за да се одржи главната трка.


