Антонели ги предупреди конкурентите: Се чувствувам посилен
Во пресрет на трката во Мајами младиот возач на Мерцедес кој е водечки во Формула 1, вели дека ќе биде уште подобар во продолжетокот на сезонава
Андреа Кими Антонели (19) им упати предупредување на ривалите пред Големата награда на Мајами во Формула 1, изјавувајќи дека се чувствува посилен по извонредниот почеток на сезонава.
Препорачано
Антонели имаше речиси совршен почеток на новата сезона во Ф1, освојувајќи две победи во првите три трки.
Во својата втора сезона во Формула 1, Антонели овој викенд се враќа на патеката каде што ја освои својата прва пол-позиција во спринт пред една година.
Додека битката помеѓу младиот Италијанец и неговиот тимски колега Британецот Џорџ Расел продолжува да се развива, Антонели ќе се стреми да го продолжи својот моментум.
Can Mercedes' rivals catch up? 😮💨
This is the story of the Silver Arrows' season so far in numbers… 💯#F1 #MiamiGP pic.twitter.com/HVQzaGgblJ
— Formula 1 (@F1) April 29, 2026
Пред трката овој викенд во Мајами, Антонели им се закани на конкурентите.
– Целта, веќе од Мајами, е да продолжме таму каде што застанавме во Јапонија, или подобро, да бидеме уште посилни оттаму каде што застанавме. Се чувствувам посилен. Чувствувам дека имам поголема контрола врз ситуацијата. Тоа што ги поминав сите патеки минатата година, дефинитивно ми помага оваа година досега. Ми помага затоа што знам подобро што да очекувам. Дефинитивно, искуството од минатата година игра огромна улога во оваа година досега – вели Антонели.
Next Week. It's On.
It's All To Drive For.#F1 pic.twitter.com/mtynLnWrG4
— Formula 1 (@F1) April 26, 2026
Антонели потврдува дека не чувствува дополнителен притисок поради тоа што неговиот досегашен успех потенцијално се трансформира во трка за титулата.
Пјастри: Промените во Ф1 за 2026 година се чекор напред, но потребни се дополнителни подобрувања


