Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Турското Гран при се враќа во Формула 1 следната сезона

Трката за Големата награда на Турција се враќа во Формула 1 следната сезона. Патеката „Истанбул Парк“ ќе биде во Ф1 календарот до 2031 година.

Турското Гран при за прв пат се одржа во 2005 година, а по деветгодишна пауза, се одржа во 2020 и 2021 година.

Формула 1 вели дека „Истанбул Парк“ стекнал репутација како една од технички најтешките патеки во шампионатот.

Долга е 5,33 километри и се карактеризира со големи промени во надморската височина.

Последниот победник на „Истанбул Парк“ беше Валтери Ботас во 2021 година во Мерцедес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот