ФК Ренова нема да се натпреварува во Првата македонска лига

Ренова по 17 години ќе се повлече од фудбалската елита/Фото: facebook.com/kfrenova

После долга неизвесност, фудбалскиот клуб Ренова поради финансиски причини одлучи да не партиципира следната сезона во Првата македонска фудбалска лига.

„Гипсарите“ со официјално писмо се обратиле до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) дека нема да учествуваат во елитата и тоа значи дека автоматски треба да бидат префрлени во најнизок ранг, односно во четвртата општинска лига.

И натаму нема официјална информација од ФФМ дали шампионатот ќе започне со 11 екипи и дали Ренова ќе биде исфрлена од сите натпреварувања следната сезона или нема да учествува само во првенството. Покрај целосниот распоред на натпревари за новата сезона во 1МФЛ, Ренова се најде и меѓу екипите во Купот на Македонија, а за ривал го добија Љуботен.

Во својата историја Ренова еднаш беше првак во ПМФЛ, во сезоната 2009/10, а еднаш го кренаа и трофејот во Купот на Македонија во 2013. Сега, клубот треба да се реструктурира и да почне да се враќа на старите патеки преку натпреварувачкиот систем при ФФМ.

ФК Ренова од Џепчиште 17 години беше еден од најстабилните тимови во Првата фудбалска лига. Го освои првенството во сезоната 2009/2010, а две години подоцна беше победник и во Купот. Шестпати ја претставуваше Македонија во европските клупски натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот