ФК Ренова: Не нè интересира дали ќе се игра првенството, најважно е здравјето!
– Двајцата членови со позитивни резултати на Ковид-19 се изолирани според препораките – соопштуваат од ФК Шкендија.
Ренова ги потврди денешните информации дека четири лица во клубот се позитивни на Ковид-19.
Препорачано
Имињата ќе се дознаат во следните денови, не дека ФК Ренова сака да ги држи во тајност, туку и дека мора да се направат и втори тестови. Екипата ги откажа сите активности сè додека немаат препорака од надлежните органи.
– Сега како КЛУБ и како СЕМЕЈСТВО, не нè интересира дали ќе се игра или не ова првенство, туку само нè интересира здравјето на нашите членови и нивните семејства. Се надеваме дека некои други почнаа да разбираат колку е сериозна оваа состојба. Здравје пред сè. Заедно ќе ги надминеме сите предизвици – соопштуваат од ФК Ренова.
И во ФК Шкендија потврдија дека има два позитивни случаи и клубот веднаш започна со процедура за извршување на вторите тестови.
– Почитувајќи ги упатствата на надлежните органи, двајцата членови со позитивни резултати на Ковид-19 се изолирани според препораките, додека клубот ќе ги преземе следните чекори во координација со Фудбалската федерација на Македонија и Институтот за јавно здравје – соопштуваат од ФК Шкендија.
Од Шкендија нема да даваат дополнителни коментари за ова прашање до понатамошно известување.


