Финансиски колапс: Полусестрата на Кејт Мос ја затвора фирмата поради огромен долг
Инфлуенсерката Лоти Мос, полусестра на супермоделот Кејт Мос, се соочува со сериозни финансиски проблеми, откако нејзината компанија влегува во ликвидација поради висок даночен долг.
Препорачано
Според британските медиуми, станува збор за шестцифрен износ кој Мос не е во можност да го подмири, иако претходно заработувала значителни суми преку онлајн платформа, каде месечните приходи достигнувале и до 30.000 фунти.
По нејзиното повлекување од платформата минатата година, приходите нагло се намалиле, што довело до неможност да ги сервисира даночните обврски. Дополнително, таа претходно користела средства од својата компанија за лични трошоци во периодот на пандемијата, што дополнително ја ослабнало финансиската состојба.
Извори блиски до неа наведуваат дека се обидела да започне нови проекти и да пронајде алтернативни извори на приход, но тие не донеле доволно средства, поради што компанијата станала несолвентна.
„Лоти е навистина засрамена од ситуацијата. Донесе одлука да ја затвори компанијата бидејќи немаше доволно приходи за да ги покрие даноците. Сега сака нов почеток и повторно да ја изгради кариерата“, вели извор близок до неа.
Во меѓувреме, таа откри дека се соочила и со сериозен психолошки притисок.
„Оваа година е вистински пекол. Ништо добро не се случи. Денес имав нервен слом поради кариерата и парите“, изјави таа.


