Финале за македонскиот каратист Витомир Трајковски на Европското првенство во Тбилиси

фото: kfm.com.mk

На Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 во карате кое се одржува во Тбилиси, Грузија македонскиот репрезентативец Витомир Трајковски во категоријата У21 обезбеди финале по победата против Халил Салиловиќ од Босна и Херцеговина со резултат 2:1.

Претходно нашиот натпреварувач во првото коло го победи Италијанецот Лучиани Давиде со 3:2.

Во рамките од второто коло го победи претставникот од Албанија Мелос Гаши со 1:0, а во третото коло го победи независниот натпреварувач Микита Сакивон со 6:1.

Финалето за златниот медал ќе биде в недела, а противник на Трајковски ќе биде Нерсисиан Гор од Ерменија.

На ова ЕП пријавени се вкупно 1127 натпреварувачи од вкупно 49 земји, а Македонија ја претставуваат 28 каратисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот