Филипини воведува строго „затворање” на Манила заради спречување на ширење на делта варијантата

Филипинската влада одлучи да воведе строго „затворање” во главниот град Манила за да спречи ширење на позаразна Делта варијанта на коронавирусот, соопштија денеска властите.

Строгото затворање ќе биде во сила од 6 до 20 август. Во тој период нема да биде дозволено конзумирање храна во рестораните, како и верските собири. Фризерските салони ќе можат да работат само со капацитет од 30 проценти, се вели во соопштението. Нема да работат ниту затворените центри за рекреација, додека туристичките атракции ќе работат и за туристите со само 30 проценти капацитет.

Воведувањето на строго затворање следува два дена откако експертите повикаа на воведување двонеделно затворање за да се спречи „катастрофално” зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 благодарение на делта варијантата.

Нов силен скок на бројот на инфекции започна да се забележува во регионот Манила, со најмалку 1.000 случаи дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот