Фигурите за шах погрешно наредени

Откако граѓаните по социјалните мрежи објавија фотографии од празната шаховска табла поставена на Зелениот кров во ГТЦ,  денеска фигурите беа изнесени од магацинот каде беа чувани преку зима. Можеби причината за тоа е што деновиве времето надвор е сончево и пријатно и погодува за посетителите во ГТЦ да се релаксираат со шах на отворено, а можеби причината што фигурите се најдоа на таблата е реакцијата на граѓаните.

Она што е интересно и на кое сега реагираат познавачите на шахот, е што фигурите се поставени погрешно на таблата. Имено, кога се редат белите фигури задолжително топот кој се наоѓа на десната позиција треба да стои на бело поле, тоа е правило. Тоа не важи за шаховската табла на зелениот кров. Па доколку фигурите се поставени само како украс, во ред е, но доколку треба да послужат за намената поради која е ставена таблата и за помладите да ја научат оваа древна игра, тогаш треба да се поведе повеќе грижа.

Можеби не е лошо фигурите да ги нареди некој што знае да игра шах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот