ФОТО | Идната госпоѓа Трамп направи луксузна моминска вечер на имотот на свекорот вреден 564 милиони долари
Моминската вечер во пресрет на венчавката на Бетина Андерсон и Доналд Трамп Помладиот се одржала на имотот Мар-а-Лаго во Палм Бич, во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп, а била дизајнирана под темата „Магична градина“.
Препорачано
Според пишувањето на магазинот „Хелоу!“, на луксузната вечера се собрале околу 100 гости, на имотот вреден 564 милиони долари. Декорот зрачел со луксуз, со шарени цветни аранжмани на маса, трокатна торта и со мноштво подароци.
View this post on Instagram
Идната невеста Бетина Андерсон за таа пригода избрала бел миди фустан без прерамки, со бандо деколте и суптилен сребрен вез, кој го комбинирала со сребрени чевли. Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека целата прослава била уредена во елегантен и романтичен тон.
– Сè уште собирам впечатоци за тоа колку неделата беше прекрасна и посебна. Да се биде опкружена со жени што ги сакам и на кои им се восхитувам, и кои имам среќа што ги имам покрај себе, ми значеше повеќе отколку што можам да опишам со зборови. Им благодарам на моите неверојатни домаќинки Одри, Ејми и Јаз што создадоа толку промислен, елегантен и топол ден… Сè уште лебдам – рекла Бетина Андерсон.
На забавата била и Иванка Трамп, која носела бледо розов фустан со цветен вез, додека Тифани Трамп избрала проѕирен син миди фустан со детали од чипка.
Иванка Трамп исто така се огласила на Инстаграм, каде што објавила неколку глетки од свеченоста.

– Ја славиме љубовта, семејството и новите почетоци на свадбената забава на Бетина Андерсон овој викенд. Многу сум благодарна што овој среќен момент го споделив со Арабела, Лара и Тифани. И, секако, со Доналд Трамп Помладиот – напишала Иванка, на што Бетина ѝ одговорила: „Колку сум среќна. Многу сум ви благодарна, девојки.
Мар-а-Лаго, каде што се одржала прославата, е еден од најпознатите имоти на семејството Трамп. Комплексот во Палм Бич се протега на 22 хектари покрај морето, а го изградила Марџори Мериведер Пост во 1927 година. Доналд Трамп го купил во 1985 година и го претворил во ексклузивен приватен клуб.
Меланија Трамп претходно за „Хелоу!“ рекла дека станува збор за „многу среќна куќа“ и посебно место за нивното семејство бидејќи таму се венчале.


