ФФМ, судиска комисија: Не е досуден пенал за Работнички против Шкупи
Судиската комисија при ФФМ ги разгледа спорните моменти од четвртфиналните мечеви во фудбалскиот Куп на Македонија, а во еден од нив имаше погрешна проценка на главниот судија.
Препорачано
Станува збор за натпреварот Работнички – Шкупи кој го доби клубот од Чаир со резултат 0:1.
Овој меч го судеше Крумислав Ѓорѓиев, а негови помошници беа Мартин Дејаноски и Андреј Ќамилов.
Судиската комисија донесе заклучок дека на овој натпревар во 66 минута имаше погрешна проценка на главниот судија за недосуден пенал за Работнички при резултат 0:1.
– Играч на домашната екипа беше во посед на топката странично во 16-сетникот на гостинската екипа, играчот ја упати топката до негов соиграч, но противнички играч направи лизгачки старт со рака високо подигната и во неприродна положба и ја спречи топката да дојде до играчот на домаќините. Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација требаше да се досуди пенал за екипата на домаќините, бидејки играчот на гостинската екипа при лизгачкиот старт играше со рака која му беше во неприродна положба и високо подигната од телото – стои во судиската анализа.


