Феноменалниот Нено Димитријевиќ, постигна 40 поени против ЦСКА Москва

Ненад Димитријевиќ/фото: Александр Павлов (БК "Зенит")

Уште еднаш еден од најдобрите македонски кошаркари Ненад Димитријевиќ покажа зошто и сезонава се наоѓа во одлична натпреварувачка форма.

Денеска во новиот натпревар од ВТБ лигата екипата на Уникс Казан на домашен терен со 88:78 ја совлада ЦСКА Москва на нашиот тренер Емил Рајковиќ.

Најзаслужен за победата на Уникс Казан беше Димитријевиќ кој постигна дури 40 поени (8/11 од поле, 7/9 за три поени, 3/4 од слободните фрлања).

Воедно нашиот плејмејкер за 35 минути поминати на паркетот запиша и најмногу асистенции, вкупно девет, шест скокови и две украдени топки.

Од тимските колеги најблиску до Димитријевиќ беше Џејлен Рејнолдс со 22 поени (пет скокови), а на спротивната страна со 21 поен се истакна Мело Тримбл со 21 поен (шест асистенции).

За прв пат во својата клупска историја Уникс Казан е победник во регуларниот дел од сезоната во ВТБ лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот