Федерер ќе игра уште година, најмногу две

twitter/#AusOpen

Поранешниот британски тенисер Грег Руседски смета дека Вимблдон и Олимписките игри во Токио, ќе бидат најважните турнири за Швајцарецот во 2021 година.

Федерер поради двојната операција на коленото одигра само еден турнир оваа година, играше само на Австралија опен каде загуби од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.

Повредата веќе е минато за Швајцарецот и тој моментно се наоѓа во Дубаи каде ги има завршните подготовки за враќање на тениските терени.

– Рожер се повеќе време поминува на терените, но мене ме интересира колку ќе биде подготвен за стартот на новата сезона. Мислам дека ќе може да игра уште една година или евентуално две, но не повеќе од тоа – смета Руседски кој сега работи како ТВ аналитичар.

Поранешниот британски тенисер ги издвои и најважните турнири за Федерер во 2021 година.
– Верувам дека во наредната сезона Вимблдон и Олимписките игри ќе бидат неговиот приоритет. Не верувам дека може да триумфира на Австралија Опен или Ролан Гарос, тоа е премногу за него. Може да игра добро, но не верувам дека ќе ја освои титулата на овие два грен слем турнири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот