Федерер е светец, а Ѓоковиќ демонот, дали е толку едноставно?

фото: твитер

Познати тениски личности ги споредија едни од најдобрите тенисери на сите времиња, Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Во специјализираната емисија „Tennis Majors“ водителот Џош Коен зборуваше со поранешната грен слем шампионка Мерион Бартоли, американскиот тенисер Ноа Рубин и новинарот на „Њујорк тајмс“ Бен Ротенберг на тема „Федерер светец и Ѓоковиќ демон, дали е толку едноставно“.

„Тенискиот свет продолжува да го опишува Федерер како доброто момче, херој, а потоа се труди Ѓоковиќ да го прикаже како лошо момче. Дали се сложувате со тоа, дека тенискиот свет така ги претставува?“, праша водителот Коен.

Прва која одговараше на прашањето беше Бартоли.
– Уф, на ова е тешко да се одговори, јас лично не мислам дека секогаш го штитиме Рожер, туку дека тој сам успеа да ги направи имиџ на соврешена личност. Јас го познавам и можам да кажам дека тоа не е далеку од вистината, но и тој е човек кој може да направи грешки како што неодамна видовме кога се сликаше без маски. Точно е дека знае да погреши но мислам дека нема толку голема разлика во третманот кој му пружа на Федерер и третманот кој му го даваме на Новак. Тој коментар е многу груб. Мислам дека Новак поради се што се случи во последно време ќе научи многу, ќе ги види последиците и на основ на тоа ќе изгради имиџ за во иднина. Мислам дека не мораме да зборуваме дека Рожер е Бог меѓу луѓето и што и да направи не смееме да му судиме. Мислам дека тоа е претерано.

– Мислам дека Федерер во изминатите години изгради таков имиџ. Мислам дека сите и понатаму се сеќаваат кога Ѓоковиќ лажираше повреда и што се случи поради тоа. Неговиот пи-ар тим од тој момент се обиде да му го подигне имиџот. Очигледно е дека Ѓоковиќ направи грешки, исто како што е случај и со Федерер, но на поинакво ниво. Мислам дека тие двајца се на поинакви пиедестали. Точно е дека Ѓоковиќ мора да се бори против се што медиумите пишуваат против него. Федерер се игради сам, успеа да се претвори во личност која ја сметаат за совршена. И тој грешеше но се однесуваше неверојатно за да надомести за тоа – смета Ноа Рубин.

Новинарот на „Њујорк тајмс“, Бен Ротенберг, даде едно поинакво видување на работите и односот на публиката на трибините.

– Јас бев на финалето на УС Опен 2015 година кога играа Новак и Рожер и никохаш не сум слушнал попристрасна и погласна публика од таа – сите навива за Рожер, а против Ѓоковиќ. Новак тогаш победи, но тоа и понатаму е една од најпристрасните пубатмосфери на кои сум присуствувал. Не знам дали тие работи потекнуваат од медиумите, туку дека тоа е поединечно од самата личност. Колку и да сакам да мислам дека медиумите имаат влијание, сепак сметам дека Федерер повеќе ги привлекува навивачите. Новак не е непопуларен, туку едноставно е многу тешко да го споредите со Федерер кој најверојатно е најомилениот тениски шампион на сите времиња и тешко дека некој ќе може да се спореди со него во тој контест – изјави Ротенберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот