Федерално истражно биро (ФБИ) Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

ФБИ нуди награда од 200.000 долари за вработена во Военото воздухопловство која пребегала во Иран и открила тајни

Федералното истражно биро (ФБИ) нуди награда од 200.000 долари за поранешната вработена на американското Воено воздухопловство, Моника Вит, за која властите веруваат дека пребегала во Иран во 2013 година, јавува Анадолу.

„ФБИ не заборави на овој случај. Веруваме дека во овој клучен момент за Иран постои некој што има информации за тоа каде се наоѓа таа“, изјави Даниел Вјерзбицки, главен претставник на ФБИ за контраразузнавање во Вашингтон.

„ФБИ сака да стапи во контакт со вас за да ни помогнете да ја приведеме Вит и да ја изведеме пред судот“, се наведува во соопштението.

Вит, поранешна контраразузнавачка офицерка во Канцеларијата за специјални истраги на Военото воздухопловство, работела на задачи на Блискиот Исток од 2003 до 2008 година.

Во 2019 година тогашниот помошник јавен обвинител, Џон Демерс, изјави дека Иран ја регрутирал Вит. Потоа таа пребегала кај нив и открила строго доверлива програма за шпионирање, а го открила и идентитетот на еден американски разузнавач, со што директно го загрозила неговиот живот.

Обвинителите тврдат дека во периодот меѓу јануари 2012 и мај 2015 година Вит тајно соработувала со Иранци во Иран и на други места надвор од САД за да обезбеди документи и информации поврзани со националната одбрана на Соединетите Американски Држави, со намера и свесност дека тие информации ќе ѝ наштетат на Америка, а ќе му користат на Иран.

Според обвинението, откако пребегала, иранските власти ѝ обезбедиле на Вит сè што ѝ било потребно за работа, вклучително стан и компјутерска опрема. Сè уште не се знае дали таа има американски адвокат што ја застапува.

Иран и Америка се натпреваруваат во водење инает

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот