Фото: Profimedia

Иран и Америка се натпреваруваат во водење инает

Најновата ескалација меѓу САД и Иран, проследена со контрадикторни политички изјави, можеби покажува дека воената сила се користи како алатка за дипломатски притисок и за подобрување на преговарачките позиции.

Најновата ескалација меѓу САД и Иран, проследена со контрадикторни политички изјави, можеби покажува дека воената сила се користи како алатка за подобро позиционирање во преговарачките позиции.

Другото сценарио е дека овој тек на настаните можеби ги урива надежите дека САД и Иран набргу ќе постигнат мировен договор.

САД и Иран ноќеска разменија силен оган, а американската војска тврди дека „ги неутрализирала заканите и извршила напади врз иранските воени објекти“, вклучувајќи места за лансирање ракети, дронови, командни центри и разузнавачки системи.

 Вашингтон не сака сеопфатна војна

Во прилог на тезата дека станува збор за пресметка, која е во служба на вршење притисок, е изјавата на претседателот Доналд Трамп дека примирјето сè уште важи, а нападот е само „мала шлаканица“. И покрај директниот воен судир, очигледно е дека Вашингтон сака по секоја цена да избегне сеопфатна војна. Со минимизирање на иранскиот напад, американската администрација си остава политички простор да не мора да одговори со масивно бомбардирање (кое се најавува само како крајна опција).

Од друга страна, пак, Иран прогласува победа за домашната јавност, зачувувајќи ја својата репутација без да испровоцира целосно американско уништување.

Доколку станува збор за внимателно калибриран судир за да се постигнат одредени поени на политички план, постои можност за мировен договор.

„Соединетите Американски Држави не бараат ескалација на конфликтот, но остануваат подготвени да ги заштитат своите сили“, соопшти Централната команда на САД.

Сепак, долготрајната размена на огнот само ја подгрева тензијата што ги оддалечува двете земји од траен мир.

Израел од петни жили сака да спречи мир меѓу Америка и Иран

Рулетот има и нула

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ја суспендираше операцијата „Проект слобода“, главно поради резервите од Саудиска Арабија и другите сојузници од Заливот.

Суспендирањето на операцијата, која имаше за цел воено спроведување на комерцијалните бродови низ теснецот, открива проблеми во американскиот сојуз со регионалните сили. Воздржаноста на Саудиска Арабија и на другите земји од Заливот за конфликтот покажува дека тие стравуваат оти ваквата операција би била искрата што ќе го запали целиот Блиски Исток. Нивната економија и инфраструктура би биле први на удар во случај на тотална војна, па оттука притисокот за дипломатско решение е огромен.

„Примирјето“ сега засега е само тактичка пауза, а не вистински мир. Двете страни играат рулет, тестирајќи ги црвените линии на противникот. Вашингтон користи закани за максимална сила комбинирани со понуди за договор, додека Техеран одговара со асиметрични напади за да покаже дека санкциите имаат цена.

Сепак, овие конфликти може да доведат до непланиран исход на настаните, доколку топчето падне на нулата.

Жестоки судири меѓу иранските и американските сили во Ормускиот Теснец — кој го прекршува примирјето?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот