Фасцинантна приказна украсена со долгогодишно прераскажување: Кралот Умберто и неговиот одамна изгубен „двојник“

profimedia

На крајот на јули 1900-та година Умберто уживал во оброк во ресторанот во Монца во друштво на свој доверлив соработник. Немало ништо невообичаено, се додека сопственикот на ресторанот не пришол да се поздрави со угледниот гостин.

Не е лесно да се биде член на кралско семејство. Можеби ви изгледа дека кралевите, кралиците и нивните блиски живеат прекрасни животи, но деликатното балансирање меѓу домашните должности, меѓународните односи и другите обврски често завршува неславно. За еден крал, сепак, едноставниот оброк во еден ресторан се покажал како – најважниот и најнеопходниот настан во неговиот живот.

profimedia

Италијанскиот крал Умерто I застанал на престолот во јануари 1878-та година. Тој формирал сојузи со австро-унгарското и германското кралство додека се залагал за експанзионистичка политика и ја зацврстил и својата позиција во Африка. Наречено il Buono (ит. добро), владеењето на Умберто I било бурно време за земјата. Денес, сепак, остана запаметен по неверојатната случајна средба за која се зборува дека се случила токму еден ден пред неговата смрт.

profimedia

На крајот на јули 1990-та година Умберто уживал во оброкот во ресторанот во Монца во друштво на свој доверлив соработник. Немало ништо необично, се додека сопственикот на ресторанот не му пришол да се поздрави со него. Сопственикот на ресторанот и кралот изгледале идентично! И, како физичката сличност да не била доволно изненадување, излегло и дека и сопственикот на ресторанот исто така се викал Умберто, но исто така и дека и тој бил роден во Торино како и кралот Умберто и тоа во истиот ден. Додека разговарале, необичните сличности само се нижеле: и двајцата се венчале истиот ден, со жени кои се викале Маргарита. И тука не е крајот, некрунисаниот Умберто го отворил ресторанот на денот на крунисувањето на кралот Умберто.

profimedia

Иако врската меѓу нивните животи изгледа необично, таа не е ништо во споредба со чудните и трагични околности кои ја заокружиле нивната смрт. Кралот бил длабоко погоден од неговата средба со „близнакот“ па така решил да го повика да присуствува на атлетскиот натпревар следниот ден. За жал, сопственикот на ресторанот бил убиен утрото откако го запознал кралот, односно бил застрелан под необјасниви околности.

Откако кралот Умберто ја слушнал тажната вест и тој станал жртва на истрел, бил убиен од Гаетано Бреши, италијанско-американски анархист, кој бил вознемирен, заедно со многу други Италијанци од бруталниот масакар на демонстранстите во мај 1898-та година, кога војската употребила оружје против луѓето кои демонтрирале против растечките цени на лебот. Умберто го пофалил својот генерал и му доделил медал за Висок официр на Савојскиот воен ред за враќањето на мирот во Милано.

profimedia

Двајцата идентични мажи, со различни животи доживеале многу сличен крај. Прашањето е која е врската меѓу нив? Иако можеби никогаш нема со сигурност да дознаеме, популарна е теоријата дека станува збор за близнаци.

profimedia

Земајќи го во предвид фактот дека и двајцата имале синови кои се викале Виторио и дека и двајцата два пати (1866 и 1870) добиле пофалби за своите херојства, после толку многу сличности, воопшто не не чуди фактот дека тие завршиле на идентичен начин. Веројатно сето ова може да се објасни со приказната за раздвоени близнаци, со цел да се избегнат проблемите во наследувањето на престолот. Можеби, еден ден ќе ја дознаеме вистината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот